Пиротехника

Ди Ман Ко – Пиротехника врши изведба на огномети со пиротехнички сретства од познатите европски (TRIPLEX, PYROTECHNIC LTD, PANZERA, ENIGMA ) и кинески (LIDU, FORWARD ) фирми.

Реализацијата на огнометите е со пиротехнички бомби (калибар од 50mm до 300mm), римски свеќи (калибар од 30mm до 75mm) и батериски системи (калибар од 20mm до 50mm и испукувања од 16 до 300)

Технологијата на реализација е со електрично поврзување и командна табла, со што се постигнува прецизно, правовремено и безбедно активирање на пиротехничките сретства.

Големите огномети се припремаат на музичка основа.

Ди Ман Ко – Пиротехника реализира огномети за свадби и родендени, бизнис промоции, карневали и театарски претстави. Реализираме пиротехнички ефекти за концерти и забави со индор пиротехника, како и дневни огномети и прослави со конфети, меурчиња и други сретства.

Оружје и муниција

Ди Ман Ко – Oружје и муниција работи на мало и големо со производи од најпознатите вропски и светски производители (GLOCK, BROWNING, FABARM, ROSSLER, VINCENZO BERNANDELLI, DIANA, SELLIER & BELLOT, SIG SAUER, AIMPOINT и други)

Исто така, вршиме дијагностика и поправка на ловно-спортско оружје, изработка на кундаци, како и монтажа на оптика и ректификација на оружјето.

Воена и полициска опрема

Ди Ман Ко – Воена и полициска опрема, врши трговија со одбрамбени сретства за потребите на Министерство за Одбрана, Министерство за Внатрешни работи на Р. М. kако и соработка со други производители во Европа и пошироко.

Специјализирани сме за работење со муниција и експлозиви, вооружување и борбени возила, дневни и ноќни оптички сретства, термовизиски и комуникациски уреди.

Посебен дел е и вршење ремонт на делови и склопови за хелихоптери како и генерален ремонт за хелихоптери тип Ми-8, Ми-17 и Ми-24. Застапуваме и соработуваме со голем број фабрики - производители на воена техника во Европа (DIEHL DEFENCE, TEREM, ARCUS CO., IGMAN, SELLIER & BELLOT, GLOCK, AIMPOINT и др.) и Америка (MAE GROUP INTERNACIONAL, WILEY-X).